Никола Груевски вчера во луксузен ресторан во Будимпешта и се вози во возило макра Фолксфаген шарон со унгарски регистерски таблички.
Во друштво на уште двајца непознати лица, новинари од унгарскиот портал го лоцирале поранешниот Македонски премиер во еден луксузен дел од градот. Кога се обидоа да дознаат како побегна од Македонија, дали со помош на унгарските власти, Груевски молчеше и влезе во возилото.
Каде престојува Груевски, сеуште нема точни информации.
Со кого од Македонија контактира и дали таму бил посетен од сопартијци засега никој не потврдува. Вчера дописникот на Гардијан, Ден Нолан објави фотографија од поранешниот премие од центарот на Будимпешта.
Во еден дел се гледа и Александар Трајковски советник од ВМРО – ДПМНЕ во Гази Баба, кој е обвинет во ист предмет со Груевски, односно шамарите во Центар.
Но, таква потврда од Трајковски нема. Во меѓувреме обвинителството за организиран криминал ја работи истрагата која треба да покаже кој му помогна на Груевски да побегне кога требаше да оди во затвор, како осуден на две години за блиндираниот мерцедес.
Унгарските власти демантираат вмешаност. Портпаролот на Владата на Орбан тврди дека Никола Груевски добил фер и законски азил.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.