Груевски со ангжман во Будимпешта

Објавил: Узунов Бобан | 14 јуни, 2019 10:41

Груевски со ангажман во Будимпешта-главен консултант за Западен Балкан

Фото/Текст извор: ©магазин

Расправата во унгарскиот парламент се претвори во кавга за експремиерот Никола Груевски, откако опозицијата ја обвини власта дека му помогнала да избега од правдата. Опозициската пратеничка Агнес Вадаи постави прашање за целта на тајните средби со Груевски, споменувајќи го состанокот со заменик државниот секретар во унгарското МНР во еден стан на Кинези во Будимпешта. 

ГРЕУВСКИ СЕ СОКРИЛ ВО ГЕПЕК: Ние го следевме, но според нашите закони тоа можеме да го правиме само кога тој се движи на јавни места. Не во приватните соби. Но тој некако успеа да избега. Ние сега знаеме како. Со лифтот се симнал во подрумот и потоа се сокрил во гепекот на автомобилот со кој излегол од земјата. Во Албанија, каде што го чекало дипломатско возило на Унгарија“, рече Заев во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг“ 

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто реплицираше дека со Груевски комуницираат за да добијат, како што вели, најавтентични информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со оглед на неговото 10-годишно искуство како премиер.

„Ние регуларно разговараме со него“, рече Сијарто и додаде дека не е важно каде се одржуваат средбите.

„И да, ние постојано разговараме со него. Каде и како не е важно. На пример, во министерството јас често разговарам со него во мојата канцеларија. Ќе ги одржуваме контактите со него и во иднина, и ќе продолжам да го консултирам за Западниот Балкан и во иднина. И да ви кажам уште нешто драги колеги, Никола Груевски ја поддржува евро-атлантската интеграција на неговата земја“, рече Сијарто.

На забелешките на опозицијата дека Груевски е осуден за корупција, Сијарто рече дека станува збор за двојни стандарди бидејќи и актуелниот премиер Зоран Заев бил обвинет за корупција, но добил помилување од претседателот на државата.

Унгарската влада неколкупати досега изјавуваше дека нема никакви контакти со азилантот Никола Груевски, но информациите и фотографиите на интернет-весникот 444.hu покажаа дека властите во Будимпешта се во постојана врска со поранешниот македонски премиер, кој избега од земјава за да не служи казна затвор. Унгарските колеги го уловија Груевски како се среќава со Иштван Јо, заменик-државен секретар во Министерството за надворешни работи, но не во зградата на Министерството туку во изнајмен стан во сопственост на кинески државјани.

Груевски, односно неговото бегство беше тема и во интервјуто на премиерот Зоран Заeв за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ направено во пресрет на средбата со канцеларката Ангела Меркел.

На прашањето на новинарот зошто по пресудата од две години затвор за Никола Груевски, која беше донесена во петокот, бившиот премиер не бил спроведен во затвор, Заев вели дека според македонската пракса криминалците не се спроведуваат во затвор за викенди, па тоа било оставено за понеделник. Но тој изнесе и детали како Груевски избегал.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Фрчкоска најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

Адвокатката на Јанева најави барање за укинување на притвор- ќе излезе ли Катица од затвор?

Ирена Фрчкоска, адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева,...

И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.

Нинџа со остра реакција: Мицкоски шири невистини и клевети за да ми го наруши угледот и честа

Александар Василевски – Нинџа, е еден од осудените за настаните на крвавиот четврток....

Тој нагласи дека очекуваат во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да има и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори.

Милошоски: Предлагаме методологија која ќе гарантира дека власта нема да донесе обвинител од типот на Русковска

Антонио Милошоски , пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пред неколку денови примиле...

Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Македонците најмногу патуваат со автомобил, а најмалку го користат железничкиот сообраќај

Податоците на Еуростат кои беа објавени на почетокот на Европската недела на мобилност...