Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

Објавил: Стојче Бушин | 3 јули, 2020 7:04

ГРЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Пожари на грчките острови Евија и Крит

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Големи пожари избија вчера на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително го отежнуваше гаснењето и напорите, по неколку часа, огнените јазици да бидат ставени делумно под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Големите пожари во Грција не стивнуваат, по островот Хиос, а вчера избија два нови на грчките острови Евија и Крит.

Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

Единица од Дирекцијата за справување со подметнати пожари, по наредба на началникот на Противпожарната служба на Грција, замина на островот Евија со цел да ги истражи причините за настанување на пожарот.

Од противпожарните сили на терен излегоа вкупно 57 пожарникари, 20 возила, два пешадиски тимови, два авиони и еден хеликоптер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Дедо Мраз да држи дистанца, редовно да ги мие рацете и носи маска кога е потребно“, се вели во соопштението на белгиската влада.

Белгиската влада му напиша на Дедо Мраз: Држете се на дистанца, мијте ги рацете и носете маска

Рестриктивните мерки ширум Европа доведоа до тоа владите на многу земји да даваат...

Исто така, се наведува дека Хрватска силно ги поддржува напорите на НАТО за одржување на безбедноста во Косово, како и во поширокиот регион, пренесува Косово на Интернет.

ХРВАТСКА ИСПРАЌА ХЕЛИКОПТЕРИ И АРМИЈА НА КОСОВО: Тие тврдат дека Косово и Метохија е стратешко прашање за нив!

Владата на Хрватска на седницата на 19 ноември го усвои Предлогот на Одлука за учество...