
Свет
Европа
Грција ќе затвори еден граничен премин со Албанија и ќе изврши антиген тестови на сите што влегуваат во земјата, изјави денеска портпаролот на владата Стелиос Пекас по повод влошувањето на состојбата во северна Грција.
Во Грција, бројот на пациенти драстично се зголеми во претходните недели, поради што беше воведена блокада во целата земја, втора оваа година.
Најпогодени се северните региони, особено Солун, и секој што има намера да влезе во Грција треба да покаже негативен PCR-тест направен не повеќе од 72 часа пред да влезе во земјата, а потоа ќе биде тестиран по пристигнувањето во Грција.
Најновите мерки стапуваат на сила во петок наутро, а Пецас побара од граѓаните да ги почитуваат мерките.
“Ние разбираме дека е тешко за сите. Но, ако сега се опуштиме, скапо ќе платиме. Се соочуваме како со воена состојба”, рече Пецас.
Грција досега евидентирала 82.034 случаи на коронавирус и 1.288 смртни случаи, а во средата евидентирани 3.209 нови случаи, од кои 905 се во солунскиот регион.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.