Од правец на Бугарија, патниците ќе влезат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека влезот од другите гранични премини со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2020 17:41

ГРЦИЈА ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ГРАНИЦИ: За овие две држави забранет е влез во државата- сите ќе бидат тестирани за коронавирус!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

По неколкудневните дискусии во рамките на Европската унија, формиран е список на земји од кои Грција ќе прима посетители, рече Стелиос Петсас, портпарол на владата на оваа земја, кој ги отвори границите за масовен туризам во средата.

Петсас рече дека ќе биде дозволено пристигнување на сите меѓународни летови за Грција, освен за директни летови од Велика Британија и Шведска до 15 јули.

По влегувањето во земјава, туристите ќе бидат тестирани за вирусот на корона, рече тој, додавајќи дека 5.889 лица од 16 аеродроми биле тестирани вчера за КОВИД-19 и дека резултатите ќе бидат познати деенс. 

Од правец на Бугарија, патниците ќе влезат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека влезот од другите гранични премини со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

Патниците од Албанија, Северна Македонија и Турција ќе можат да влезат во Грција само во одредени околности, изјави портпарол на владата, додавајќи дека траектот од Игуменица и Патрасзапочнал да сообраќа.

Петсас рече дека Грција ги отвори своите граници за туристите со одредени ограничувања, како и дека ги презема сите неопходни мерки со цел да го заштити локалното население и сите оние кои се вработени во туристичкиот сектор.

По влегувањето во земјата, туристите ќе бидат тестирани за вирусот на корона, рече тој, додавајќи дека 5.889 лица од 16 аеродроми биле тестирани вчера за КОВИД-19 и дека резултатите ќе бидат познати деенс. 

Грчките власти внимателно ја следат епидемиолошката состојба во Европа и во светот и нема да направат отстапки по прашањето за заштита на јавното здравство и животот на луѓето, истакна Петсас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Прво соопштија немало знаци на насилство, доволно да му се даде време да избега убиецот

Обвинителот Бубевски за убиството на Тот: Немаше намера за прикривање, збрката настана поради лоша медицинска проценка

Сè уште се трага по човекот кој прв го удрил ракометарот, вели шефот на Основното јавно...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста синоќа по повеќечасовната седница на Советот за национална безбедност.

Вучиќ: Ни спремаат замка нарекувајќи нè руски слуги

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста синоќа по повеќечасовната...