Претседателот на Грција појасни дека ратификацијата на Преспанскиот договор нема да оди така брзо и едноставно, затоа што Грција мора да има гаранции за сите забелешки

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 9:55

Грција нема да го ратификува договорот во март, ќе бара нови гаранции

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Грција, ги откри плановите на грчката влада, дека Преспанскиот договор прво треба да помине во Скопје, а потоа Атина ќе достави забелешки за нови гаранции.

Имено претседателот Прокопис смета дека уставните амандмани не се доволни самите по себе да го гарантираат секој правен сегмент од Преспанскиот договор, па Грција нема намера да го ратификува во март, следната година како што најавува Скопје.

Прво треба да се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да се финализира и содржината и правилното толкување на Договорот од Преспа, а потоа и да дојде на ратификација во парламентот. – порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Претседателот на Грција истакна дека “се стреми кон пријателски и добрососедски односи и во пракса покажува дека поддржува членство во НАТО и Европската унија”, но објасни дека  за тоа предуслов е решавање на прашањето со името “согласно историјата и меѓународното право, а само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции”, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент.

Нашата соседна земја треба да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред се во нејзиниот Устав. И навистина, ја презедоа оваа обврска. Според тоа, очекуваме да ја исполни. Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и било каков почеток на разговори, во однос на пристапниот процес на ПЈРМ кон Европската унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината и според меѓународното право, правилното толкување на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ за да дојде за ратификација во грчкиот парламент. – рече Павлопулос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија едвај извлекол жива глава и тоа во два наврати за 12 часа. Прво во Сомалија, во Могадиши шреживеал терористички напад на екстремистичката група Ал Шабаб, за по неколку часа подоцна, на патпт за Србија, дошло до дефект на авионот поради што мроале принудно да слетаат во Атина.

Дачиќ има 10 животи: Едвај извлече жива глава во крвавиот напад, а по неколку часа драма во авион

Ивица Дачиќ за 12 часа прежиевал терористички напад во Сомалија, во кој загинаа шест...

Имено, Весна неколку пати бегала од насилниот сопруг во сигурна куќа. Подоцна се развеле, а тој замина, по што Весна останала сама со децата.

Мајка и нејзините ќерки близначки пронајдени мртви – полицијата сведоци на ужасна глетка

Пронајдени мртви три тела во стан во Виена. Како што пишуваат тамошните медиуми, во...

„Ќерко, време е да ја дознаеш вистината, не те посвоив, туку те купив. Прости ми и најди ги вистинските родители и сестра ти, изјавил на смртна постела еден жител на Ниш.

Ќерко, не те посвоив, те купив за 30.000 марки – шокантна исповед на татко од смртна постела!

Средовечен маж од Ниш шокираше со својата приказна која ја чувал цел живот, но пред...