Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација.

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 мај, 2021 6:32

Грција од петок ги отвора границите – Ова се протоколите кои ќе важат на плажа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 14 мај Грција конечно ги отвора границите за туристите. Плажите веќе се отворени од вчера, но секако под посебни правила.

Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација, пренесе Сител!

И додека многуте граѓани и сопственици на туристички кампови едвај чекаат да се отвори сезоната за четири дена од денес, еве каква е состојбата на плажите таму.

Туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите. Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба. Музиката на плажа е забранета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Одлуката треба и официјално да биде усвоена до крајот на неделава, наведе портпаролот на португалското претседателство со ЕУ, пренесе ДПА.

Брисел ќе им дозволи на македонските државјани да патуваат во ЕУ

Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците...

Од македонски државјани, на неа од поодамна се наоѓаат Мендух Тачи , Љубе Бошковски и екс пратеникот Џеват Адеми, а меѓу организациите фигурира и поранешната Ослободителна Народна Армија – ОНА.

БАЈДЕН НАРЕДИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ И ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ЛИЦА КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

По декретот на американскиот претседател Бајден, со кој се најавува дека САД ќе ги...

Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаков пристап до вакцините во богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата од која досега починаа повеќе од 3,5 милиони луѓе.

СЗО: Човештвото ќе мора да се навикне на соживот со коронавирусот

Глобалното искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, рече Дејвид...

Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец Ковид пасошите би требало да станат реалност за почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ.

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА КОВИД ПАСОШИТЕ ВО ЕУ

Европратениците и земјите членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори...