Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2021 11:37

Грција подигна ограда на границата со Турција: Не смее да се случи мигрантска криза како во 2015 година

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција и поставила нов систем за надгледување со цел да се спречи мигрантски бран како во 2015 година.

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

За состојбата во Авганистан и евентуаланите нови мигрантски бранови во Грција, Иконому рече дека Владата, нејзините активности ќе ги усогласи со Европската унија од која побарале формирање заеднички став и да постои заедничко справување со ситуацијата и со евенуалната хуминатрна криза што би произлегла.

„Сигурно е дека нема да дозволиме земјата да живее сцени од 2015 година, ниту на островите, ниту на другите влезни точки, ниту на автопатите, ниту на железничките линии, ниту во урбаните средини“, рече тој.

Според грчкиот министер Михалис Хрисохоидис, кризата во Авганистан создаде можности за нови напливи на мигранти.

„Не можеме да чекаме пасивно. Нашите граници ќе останат безбедни и непроодни“, изјави тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Инфлацијата во САД највисока од 1991 година

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи...

Гилберт за британските медиуми посочи дека вакцината против овој вирус сè уште не е на повидок, и смета дека би било „фатално“ доколку овој вирус се развие во насока да се шири со иста брзина како и ковидот!

Светот ќе се соочи со далеку посмртоносна пандемија

Водечки светски научник и творец на вакцина тврди дека светот ќе се соочи со далеку...