Изјавите на премиерот Заев дека во Грција ке се изучува Македонски јазик за потребите на македонското малцинство, причина Ципрас да побара анекс на Преспанскиот договор

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 7:08

Грција со анекс ќе го поништи Македонскиот јазик во ОН

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло.

Како што објаснува весникот „Естиа“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата.

Според весникот, протоколот ќе биде амандман на Договорот од Преспа, односно ќе стане негов интегрален дел.

Според пишувањата на грчките весници, за подготовката на овој амандман бил ангажиран Евангелос Калпадакис, советник на грчкиот премиер.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос веќе побара од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот во грчката северен сосед е словенски.

Според медиумите, Грција ги информирала и САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот парламент без такви гаранции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Погребот на Маршалот не поминал без Службата за државна безбедност. Како што е веќе познатово јавноста, погребот наТито бил третиран како светски настан и на него присуствувале 100 важни гости.

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ТАЈНА НА СФРЈ: Во сандакот на Тито не било изложено неговото тело

Пред извесно време излезе навиделина долго чувана тајна од Југославија. Имено станува...

Не знам чија идеја е тоа. Видов дека Црна Гора и Хрватска го усвоија тоа. Јас сум против. Секој човек би сакал да има загарантирано слободно време. Но, можеш ти, ама немој да ме тераш мене, јас сакам да работам - истакна тој.

Вучиќ: Најдобро да не работиме ништо, а платите да бидат високи!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  вчера пред јавноста истакна дека воопшто...

Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат“, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот претседател Павлопулос итно пренесен во болница

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија...