Додаде дека Грција е на 14 позиција во ЕУ и во однос на вакцинацијата со третата, односно со бустер дозата, со вакцинирани 66,1 отсто од полнолетните граѓани.

Објавил: Перо Милчин | 2 ноември, 2022 6:06

Грчката комисија предлага ковид вакцини за сите деца над шест месеци, ако имаат здравствени проблеми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Националната комисија за имунизација на Грција предлага вакцинација против Ковид-19 за деца меѓу шест месеци и четири години доколку имаат здравствени проблеми, а им се дава можност и на здрави деца на оваа возраст да ја примат вакцината, по согласност од лекар, соопшти претседателката на комисијата Мариа Теодориду на денешната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодориду истакна дека во 2022 година со доминацијата на варијантата Омикрон е зголемен бројот на заразени деца и додаде дека комисијата минатиот месец веќе излезе со позитивно мислење за вакцинација со бустер доза за децата со здравствени проблеми меѓу пет и 11 години.

Во однос на процесот на имунизација во земјата, генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус соопшти дека досега се аплицирани над 21.660.000 дози од вакцините.

Целосно вакцинирани (со две дози) се над 7.630.000 граѓани, односно 72,7 отсто од општото и 81,3 проценти од полнолетното населени.

-Просекот во Европската Унија е 72,6 отсто од општото население и 82,3 проценти од полнолетното население, а Грција, во двете категории, се наоѓа на 14 позиција, согласно Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), рече Темистоклеус.

Додаде дека Грција е на 14 позиција во ЕУ и во однос на вакцинацијата со третата, односно со бустер дозата, со вакцинирани 66,1 отсто од полнолетните граѓани.

Со втора и трета бустер доза вакцинирани се 23,3 отсто од лицата над 60-годишна возраст.

Темистоклеус истакна дека програмата за вакцинација продолжува и во земјата функционираат 1.600 центри за вакцинација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Од прегласна музика и голема изложеност на премногу бучна музика во кафиќите и дискотеките,младите се во голема веројатност дека можат да го изгубат својот слух.

Милијарда тинејџери во светот се во опасност да го загубат слухот поради гласна музика

Младите сакаат многу да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу...

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 0,2 отсто, на 104,69 поени.

Еврото зајакна во однос на доларот

На светските пазари курсот на европската валута во однос на доларот порасна минатата...

Неизвршената група пресуди од страна на Бугарија повторно се најдоа на дневниот ред на Комитетот на министрите на Советот на Европа, по втор пат за една година и повторно констатацијата е иста – пресудите не се извршени.

Комитет на министри на СЕ: Бугарија да дозволи регистрација на здруженија на македонското малцинство

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање...

Според бугарска Нова ТВ, тројца од приведените се државјани на Молдавија, додека еден имал арапско потекло, но не е наведено кое.

Бугарија уапси пет лица под обвинение за логистика на терористичкиот напад во Истанбул

Пет осомничени лица за вмешаност во терористичкиот напад во Истанбул се приведени...