Одлуката ја донел соборот на Архиереи на ГПЦ, или популарно наречена грчката јерархија на денешната вонредна седница во Атина.

Објавил: Валерија Петрова | 12 октомври, 2019 18:06

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украина

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Грчката православна црква ја призна автокефалноста на Православната црква во Украина и стана втората црква во православниот свет, по Вселенската Патријаршија која ќе воспостави канонско единство со украинската автокефална црква.

Одлуката ја донел соборот на Архиереи на ГПЦ, или популарно наречена грчката јерархија на денешната вонредна седница во Атина.

Иако руските медиуми пишуваа дека на овој собор нема да биде тема Украина, сепак во текот на заседанието архиепископот Јероним имал излагање на тема „Известување за автокефалијата на Црквата во Украина“. Тој се осврнал на привилегијата на Вселенската патријаршија да доделува автокефалии, како и на позитивните извештаи од двете комисии (на Светиот синод на ГПЦ, за Канонско право и Меѓуправославни односи, кои беа повикани да се изјаснат со став по ова прашање, н.з.).

Истите информации наведуваат дека архиепископот предложил признавање на Црквата во Украина, што било прифатено од мнозинството на Јерархијата.

-Во овој дух, препорачувам признавање на автокефалијата на Православната црква во независната Република Украина од страна на нашата Црква“ , рекол Јероним.

Попладнево и Светиот синод на јерархијата на Црквата на Грција, со соопштение ја потврди информацијата,

-Согласно дневниот ред, Блаженејшиот архиепископ Атински и на цела Грција г. Јероним одржа свое излагање со наслов: „Автокефалијата на Украинската црква“. Во предговорот на излагањето, Неговото Блаженство наведе дека постојаниот Свет синод на повеќе свои заседанија подробно се занимавал со ова прашање, кое го доставил и до соодветните Синодски комисии – за Догматски и номоканонски прашања и за Меѓуправославни и меѓухристијански врски – за да се изјаснат заеднички пред Светиот синод. На 13 август о. г., овие Комисии ги доставија до секретаријатот заедничкиот Заклучок и Воведната белешка со наслов: „Прашањето на канонската јурисдикција на светата митрополија Киевска“. Заклучокот на Комисиите, по наведувањето на петте основни позиции од номоканонски аспект, го заклучи следново: „Врз основа на кажаното, разгледувајќи го прашањето на автокефалијата на Црквата во Украина од канонски, но и од правен аспект, најблагочестиво изјавуваме дека не постои никаква пречка за признавање на автокефалијата на Црквата во Украина и за потполна согласност на Црквата на Грција со Вселенската патријаршија, стои во соопштението од Синодот на архиереи на ГПЦ.

-Следуваше конструктивен дијалог и изразување на мислења на повеќе Високопреосвештени јерарси и Јерархијата одлучи да ја прифати одлуката на изминатиот постојан Свет синод и на излагањето на Блаженејшиот архиепископ Атински и на цела Грција г. Јероним, што го признава „канонското право на Вселенската патријаршија да доделува автокефалија, како и правото на претстојателот на Црквата на Грција да го решава понатаму прашањето на признавањето на Црквата во Украина“, додека седум митрополити побараа да се одложи донесувањето на оваа одлука, стои во соопштението од Комисијата за односи со јавност
на Светиот синод на јерархијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Семејството немало доволно финансии за да може да обезбеди итна операција на срцето која била неопходна, па Бидејќи времето истекувало многу брзо,  самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: Последните зборови на татко кој срцето го подари на својот син

Колку е голема љубовта на родителите за своите деца доказ е овој татко кој решил да...

Претходно дел од сопствениците на угостителските објекти во овој дел на градот самостојно ги отстранија платформтите од езерото.

После Куба Либре дојде ред на Ликвид: Се руши платформата пред „Ликвид“ во Охрид!

Вчера со отстранување на платформата пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот...