ВИДЕО

Објавил: Калина Мартинска | 20 јули, 2024 12:36

Гужви на „Богородица“ и „Табановце“ – се чека повеќе од еден час

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“ се чека повеќе од еден час додека пак на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час.

Најголема е гужвата на ГП Богородица каде се чека повеќе од 30 минути до 1 час. На Табановце исто така стотици автомобили чекаат, а според информациите таму се чека околу 30 минути излез од Македонија.

ТУКА може да го погледнете видеото од македонско-грчката граница и колоната која нема крај.

Видео камери

За ваквите гужви се пишува и по српските медиуми. Оттаму, со предупредување:

„Наоружајте се добро ако чекате одите во Грција, на граница се чека до 3 часа“, пишува Ало.рс.

Во меѓувреме, директорот на царината, Бобан Николовски најави намалување на чекањето на границите преку низа мерки и проекти во иднина.

На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести