
Македонија
Вести
Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик за молитва и сплотеност.
„Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни“, се наведува во соопштението од Кабинетот на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во кое во продолжние се вели и дека во овие дни на траор го повикуваат верниот народ да ги сосредоточи срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување.
Народната сплотеност и единство, посочено е таму, најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики.
„Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија ̶ да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме“, се наведува во соопштението.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.