Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Објавил: Сара Фемина | 19 март, 2020 0:25

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше за воведената вонредна состојба во Република Македонија.

Давкова во емисијата на Тв Алфа, се појави со заштитна медицинска маска и ракавици која во моментов е сечиј начин на заштита поради корона вирусот кој силно зеде замав не само во Македонија, туку и низ целиот свет.

Веднаш после емисијата Давкова се огласи на социјалните мрежи.

Вечерва гостував во ТВ Алфа каде што зборував за воведената вонредна состојба.

Но, по емисијата прочитав многу невкусни и малициозни коментари по социјалните мрежи за моето гостување, поточно за носењето заштитни маски и ракавици за времетраење на емисијата. Наводно, носењето маска и ракавици од моја и од страна на домаќинот, новинарот Саше Димовски, било смешно и непотребно.
За некои, пак, мојот начин на заштита бил пропаганда. Но, вака да ви кажам. Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје. Обврска на секој од нас е да се штити себеси, но, пред се’, и сите околу нас, напиша Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...