Министерката за одбрана звучи како бароница Минхаузен!

Објавил: Стојче Бушин | 30 мај, 2020 20:21

ДАВКОВА: Сликата со Шеќеринска и Дехари наликува на политичка средба во штабот на УЧК

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фотографијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со Фатмир Дехари, градоначалникот на македонската општина Кичево на која се гледа симболот на УЧК предизвика бурни реакции по социјалните мрежи.

Шекеринска не ја спори скандалозната фотографија!

„Дејствата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО. Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер“, пишува Шекеринска!

Фотографијата е направена за време на посетата на Шекеринска на општина Кичево и средбата со градоначалникот Фатмир Дехари, со кого разговарале за состојбата со епидемијата на Ковид-19.

На оваа скандалозна фотографија реагираше и професорката Гордана Силјаноска Давкова која вели дека сликата со г-дин Дехари наликува на политичка средба во штабот на УЧК, а не во канцеларија на градоначалник на Кичево, град во Република Македонија!

ЕДНА СЛИКА- ДУМИ РОЈ!

Министерката за одбрана звучи како бароница Минхаузен!

Симболите се илјада зборови преточени во знак. Симболот е моќен израз и порака!

Сликата со г-дин Дехари наликува на политичка средба во штабот на УЧК, а не во канцеларија на градоначалник на Кичево, град во Република Македонија!

Министерката за одбрана и градоначалникот МОРА да знаат дека членот 20, став (4 ) на Уставот на Република Македонија забранува воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија, пишува Давкова!

Или, ова не важи за СЕВЕРНА и за Кичево?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...