Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Објавил: admin@magazin | 5 февруари, 2022 8:23

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа со песната „Circles“.

Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музичари, кои претходно беа избрани на конкурсот кој го распиша МРТ.

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“, напиша Андреа на социјалните мрежи.

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

„ОТСЕКОГАШ СУМ САКАЛА ДА НАСТАПУВАМ НА ГОЛЕМА СЦЕНА КАКО ШТО Е ЕВРОВИЗИСКАТА. ТОА НЕ Е САМО МОЖНОСТ ЗА ВПЕРУВАЊЕ НА СИТЕ ОЧИ ВО МЕНЕ КАКО ИЗВЕДУВАЧ, ТУКУ И „КАМЕРА“ КОН МАКЕДОНИЈА КАКО ЗЕМЈА КОЈА Е ПОЛНА СО МЛАДИ ТАЛЕНТИ КОИ СЕРИОЗНО РАБОТАТ И ПРОИЗВЕДУВААТ МУЗИКА“, ИЗЈАВИ АНДРЕА ЗА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“.

Песната „Circles“ e направена со продуцентот и композитор Александар Масевски. Кога ја прашавме како настана и која е приказната зад песната, Андреа ни рече:

„АЛЕКСАНДАР Е МОЈОТ ОМИЛЕН МЕНТОР. СО НЕГО ИМАВМЕ ДРУГА ПЕСНА КОЈА ПЛАНИРАВМЕ ДА ЈА ИСПРАТИМЕ НА ПОВИКОТ ЗА ИЗБОР НА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА, НО ОТКАКО ЈА ПРЕСЛУШАВМЕ ВТОРАТА ОПЦИЈА, ОДНОСНО „CIRCLES’, СИ РЕКОВМЕ – ТОА Е ТОА. ОВАА ПЕСНА ОДИ“.

Според Андреа, Масевски е клучниот фактор за изработката на песната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.