Македонија
Вести
На тема одговорност, сега има само едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка?
Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка? Ова стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
– Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија.
Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија? Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе гласаат „за“ одземање на неговиот мандат? – се наведува во соопштението.
Сѐ додека опозициската партија не даде одговор на овие прашања нема минимум кредибилитет да зборува за морал и одговорност“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.