Бегалецот Никола Груевски бара да му се укине притворот

Објавил: Сања Кукиќ | 17 март, 2019 13:41

Дали Груевски се враќа во Македонија?!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Дали екс премиерот Никола Груевски има намера повторно да се врати во земјава ако му се укине притворот?

Одговорот на ова прашање го има само тој, но индикативно и се посомнително е зошто тој инсистира да му се укине притворот.

На 13 ноември 2018 година, беше распишана меѓународна потерница, откако меѓу 9 и 10 ноември, Груевски избега кон Будимпешта. Пратениците во Собранието со 62 гласа „за“ на крајот на ноември лани изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски.

Преку неговите адвокати Никола Груевски изминатите четири месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби за определниот пртивор во предметите на СЈО, откако избега во Будимпешта, Унгарија.

Ова го покажа седмиот шестмесечен извештај кој го објави специјалното јавно обвинителство. Во извештајот на СЈО пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“.

За поранешниот премиер засега има само една правосилна пресуда и тоа за случајот „тенк“, во кој беше осуден на 2-годишна затворска казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската...