Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека веќе се анализира и се истражува за овој вид.

Објавил: Владо Марин | 4 јули, 2021 20:09

Дали делта-вирусот ќе донесе нови рестрикции?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комисијата за заразни болести утре ќе разговара дали ќе се воведат некакви рестрикции поради ширењето на делта-видот на коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека веќе се анализира и се истражува за овој вид.

Комисијата, рече тој, ќе проценува дали да се воведат тестови за влез во Македонија.

Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме – рече Филипче.

Во моментов, само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин, а за останатите влезот не е условен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.