Новиот закон треба да расчисти дали Хонгконг е кинеска или американска територија

Објавил: Македонка Димкин | 24 мај, 2020 11:45

Дали е Хонгконг е кинеска или американска територија?

Фото/Текст извор: ©ројтерс / магазин

Кина  реши дека веќе е доста и ги презема нештата во свои раце за да го истурка законот за национална безбедност скроен за Хонгконг, бидејќи градот е неспособен за да ја исполни својата уставна должност и да изнајде сопствена неопходна легислатива, 23 години по враќањето под кинески суверенитет, пишува колумнистот на „Саут чајна морнинг пост“, Јонден Лату во колумната насловена „Дали Хонгконг е американка или кинеска територија. Новиот закон за национална безбедност на Пекинг се обидува да го расчисти тоа“.

А сега, луѓето кои ни ја донесоа оваа ситуација, со нивните убедувања за тоа какви би требале да бидат нашите основни слободи, кои владата инсистира дека ќе останат недопрени.

Мирисајќи ја крвта во водата, одредени западни медиуми се хранат со сензационалистичкото известување и со апокалиптични наслови следејќи го „крајот/смртта на Хонгконг“, што потсетува на нивните лицемерни предвидувања за пропаста на нашиот град за време на преземањето во 1997 година, за кои се испостави дека се преувеличени во голема мера.

За да се сфати што всушност се случи тука, треба да се осврнете на минатогодишните социјални немири и антивладини протести во контекст на поплаките на Пекинг за „црната рака“ на странското мешање во внатрешните работи на нашиот град, особено со непријателскиот Вашингтон, користејќи го Хонгконг како пион во пошироката кинеско-американска политичка игра.

Не дискутираме за теории на заговор, туку за беспоштедната директна провокативност на демонстрантите кои отворено мавтаа со американското знаме и пеејќи ја американската национална химна на улиците додека плука и ги газеа сопствените национални симболи, повикувајќи го претседателот Доналд Трамп да го „спаси“ градот од неговиот суверен. Успешната кампања на опозициските политичари во која американскиот конгрес му се инаети на Пекинг во лице, преку „отсекување на носот“ на Хонгконг со казнени политички акти, американските политичари доаѓаат тука да проповедаат антикинески госпел на кинеска почва… Листата продолжува со веќе заморно повторување.

Кога овој град стана значителна територија на САД? Последен пат кога проверив Хонгконг беше колонија на Велика Британија која како потписничка на заедничката кинеско-британска декларација во 1984 година, поседува право да изрази загриженост за зацврстувањето на стисокот на Пекинг врз градот, но сепак, претпазливо, реши да им го препушти сето викање на Американците.

Всушност, Пекинг ќе му дозволеше на градот да продолжи да гори како минатаа година, во огновите на „револуцијата на нашето време“ и да ги расчисти сопствените проблеми, се додека останеа внатрешни. Поради надворешниот елемент, морковот е заменет со стап.

Хонгконг веќе долго време е ахиловата петица за Кина во новата студена војна со САД која го користи градот – цитирајќи ги американските бизнис интереси за да има удел во неговата иднина, како своевиден преговарачки чип. Сега кога ракавиците се симнати, со реториката на Вашингтон која станува воинствена поради несогласувањата во врска со пандемијата, Пекинг чувствува дека треба да преземе тешки мерки за да го „сопре истекувањето на водата“.

Деталите на новиот закон допрва треба да бидат објавени и ние не знаеме какв претекции ќе бидат вметнати во него за да се спречи злоупотреба. Ако му верувате на советникот на владиниот кабитен Аргур Ли Квок-ченг „нема ништо за што народот на Хонгконг би требало да биде загрижен, освен ако не се револуционери, терористи или во дослух со странските сили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 4 јули е во сила вонредна состојба во Краљево поради влошената едемиолошка состојба, а Макан потенцира дека повеќето млади не ги почитуваат пропишаните мерки.

ДОКТОР ОД КРАЉЕВО ОЧАЕН: Кладилниците се полни, ова е голем епидемиолошки ризик

Секојдневно се влошува и се влошува ситуацијата во Краљево, вели директорот на Институтот...

Вработениот во службата за медиуми и информации на германската влада е осомничен дека неколку години работел во египетската разузнавачка служба.

БЕРЛИН НА НОЗЕ: Во кабинетот на Меркел откриен шпион! Агентот неколку години работел за оваа странска земја!

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, откриено е лице кое со години...

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.

АЈА СОФИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНУВА ЏАМИЈА: Ердоган ја оствари својата замисла!

Државниот совет на Турција (повисок управен суд) и официјално го поништи решението...

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд ги разгледале евиденциите на пациентите на британската национална здравствена служба со цел да ги идентификуваат најголемите фактори на ризик. Според пишувњата на „Дејли Меј“, оваа студија  ги проучувала медицинските записи на 17,2 милиони луѓе и скоро 11.000 смртни случаи на коронавирус во Англија.

НАУКАТА ГО ДАДЕ ОДГОВОРОТ: ЕВЕ КОЈ ТИП НА ЛУЃЕ НАЈЧЕСТО УМИРААТ ОД КОРОНАВИРУС!

Афроамериканците над 65-годишна возраст и дијабетичарите имаат најголем ризик од смрт...