
Забава
Технологија
Тестовите за анемија, состојба кога постојано сте уморни и слаби затоа што немате доволно кислород во крвта, вообичаено значат одење во лабораторија и боцкање со игли. Но, сега докторите измислија нов начин да се провери дали имате ваква состојба.
Овој тест може да биде многу корисен во тие делови од светот каде што нема медицинска помош или болниците се оддалечени повеќе километри. А додека па во некои делови од светот како Африка и Азија и други земји има толку многу слаба инфраструктура, но за разлика од тоа има добра покриеност со мобилни мрежи и интернет.

Докторите користат посебен алгоритам за да ги анализираат фотографиите од ноктите. Навистина функционира од повеќе причини. Пред неколку години ова не би било успешно бидејќи камерите не на телефоните не беа толку добри, а сега има и повеќе податоци на телефоните. Алгоритамот прави фотографија заедно со метаподатоци како бои и осветлување, а потоа ја анализира врз основа на тоа што го научил од други слични фотографии за да го процени нивото на црвени крвни клетки. Со тек на време, како што алгоритамот учи, ќе се подобрува.
Уште не е толку прецизен како огринален тест на крвта и се уште не може да замени докторска дијагноза но може да потврди дали некој е сериозно и малку анемичен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.