Министерската за труд и социјала Јагода Шахпаска на своите колеги министри им дала рок од седум дена да се изјаснат за кои сектори недела ќе биде неработен ден.

Објавил: Македонка Димкин | 24 ноември, 2020 17:20

Дали конечно Недела и во Македонија ќе е неработен ден?

Фото/Текст извор: ©КАНАЛ 5

Недела неработен ден: Секое министерство ќе треба да ги приспособува законите за своите сектори

Шахпаска не откри кои се предлозите и насоките кои ги дало министерството за труд, но посочи дека главната измена ќе биде во Законот за работни односи каде недела ќе се дефинира како неработен ден, но доколку со друг закон или колективен договор не е поинаку решено.

„Значи, останува повратна информација од министерствата кои имаат простор уште една седмица да ја видат оваа драфт верзија, да ги испратат нивните сугестии. Ние веќе почнавме да добиваме сугестии од министерствата. Кога ќе биде готова конечната верзија, нашата намера е да биде објавена на ЕНЕР да ја слушнеме уште еднаш реакцијата на јавноста, на стопанските комори, синдикати, работници и така натаму.“изјавиЈагода Шахпаска, министер за труд и социјала

Најголемиот дел сектори се под палка на министетрството за економија, па оттука тие ќе треба да го понесат и најголемиот товар. Ресорното министерство ќе треба да даде одговор како ќе се регулира работата на кафулињата, рестораните, моловите…Оттаму велат дека се уште прават анализи какви импликации врз секторите би предизвикала оваа мерка.

Министерството за транспорт и врски пак ќе треба да го регулира делот на јавниот превоз кој функционира и во недела, околу тоа колкав ќе биде опфатот и дали сите ќе работат…

Според економските аналитичари, Владата треба да биде внимателна во изборот – кои сектори ќе ги затвори во недела за економијата да не трпи штети. Според универзитетскиот професор Зоран Ивановски, надлежните треба да ги следат праксите од западот, каде моловите и угостителите се изземени од законот.

„Кога размислуваме од аспект на националната економија, тука треба да се земат предвид некои фактори кои се многу важни, особено работењето на големите трговски центри и на угостителските објекти, затоа што сепак тие во во тој неработен ден, ќе можат да остварат повеќе приходи, а тоа ќе значи и позитивно влијание на бруто домашниот производ.“ истакна Зоран Ивановски, економски професор

Според најавите досега – здравството, полицијата, против пожарните и комуналните служби ќе бидат изземени од законот.

Очекувано, сидникатите ја поддржуваат идејата за „недела неработен ден“, но против се работодавачите, кои сметаат дека со тоа ќе претрпуваат дополнителни штети..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...