Моите лични позиции во преговорите со Бугарија и како човек и како министер соодветствуваат со државните позиции кои како Влада ги застапуваме

Објавил: Македонка Димкин | 12 јануари, 2022 15:30

Дали Министерот од ДУИ работи против интересите на МАКЕДОНИЈА?

Фото/Текст извор: ©фб

Откако Димитров рече дека нема целосна доверба во Османи во однос на преговорите со Бугарија затоа што се сака да се постигне договор по секоја цена, шефот на дипломатијата реагираше повикувајќи ги колегите да го задржат нивото и довербата кои долги години меѓусебно ја граделе за да се обезбеди европска иднина

Моите лични позиции во преговорите со Бугарија и како човек и како министер соодветствуваат со државните позиции кои како Влада ги застапуваме, порачува шефот на дипломатијата Бујар Османи откако вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, изјави дека нема целосна доверба во него.

„И моите лични позиции, како министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваме, и тоа: и кога заеднички ги градевме државните интереси при создавањето на Договорот од Преспа; и кога заеднички го создававме Договорот за пријателство со Бугарија; а и сега, кога повторно разговараме за надминување на разликите со нашите соседи“,

вели Османи.

Тој вели дека пред нас има нов политички моментум создаден од новите влади во Софија и Скопје и граѓаните очекуваат да се искористи шансата да се зајакне довербата меѓу двете држави, за што веќе е договорена посетата на бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков на 19 јануари, а се разговара и за заедничка владина седница на 25 јануари. Затоа, бара Османи, колегите да имаат фер однос.

„Од успехот на овие посети ќе зависи и насоката и силината на новиот моментум во односите меѓу двете земји, и оттука сите активности кои го загрозуваат овој успех ги сметам за непродуктивни и нефер. Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и поранешни, да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години и меѓусебно ги градевме, и да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме“,

вели Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...