Дали се помири лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Договорот од Преспа прашува новинарот Бесир Арифи од ТВ21? Јавно продолжува да го нарекува штетен и говори за исправање на грешката, но како што се чини поинаку зборува со странските претставници.
Поранешната германска европратеничка, Дорис Пак, рече дека Мицкоски ја уверил дека прашањето околу договорот е веќе затворено.
»Колку што зборував со ВМРО-ДПМНЕ, со шефот на партија, во нашите разговори сметаме дека сето тоа е разбирливо за него. И никогаш не рекол дека тој го спори Договорот од Преспа и дека сака да го собори. Изјави, да, дека не гласале за, но никогаш не кажа дека не би го прифатил договорот, затоа што тоа е веќе завршена ситуација. Значи предметот е ад-акта“
Пред една недела, слично нешто потврди и амбасадорот на Франција во Скопје, Кристијан Тимоние. Запрашан за опасноста дали сегашната опозиција кога би дошла на власт би можела да ги врати името Република Македонија, Тимоние одговори дека ВМРО-ДПМНЕ гарантирала дека ќе го почитува договорот.
»Во однос на гаранциите што се дадени од опозицијата, но и од претходната грчка опозиција, е според латинскиот израз „Договорите треба да се почитуваат“.
Наспроти изјавите на странските дипломати, претседателот на ДПМНЕ, Преспанскиот договор, јавно го нарече предавство, а има и математики како може да се исправи грешката, како што изјави на 19-ти октомври во Гостивар.
Поранешната европратеничка Дорис Пак, која сега е претседателката на Организацијата на жените во Европската народна партија, исто така истакна дека политичарите веќе го решиле прашањето околу името и дека истото веќе треба да се остави настрана. Недобивањето датум за старт на преговорите таа го гледа како повик за будење на домашните политичари, за уште повеќе да се посветат на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Додаде дека ЕУ никако не смее да дозволи Југоисточна Европа да ја остави како поле на кое можат да играат странските сили.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.