Одговор нема и од директорот Кристијан Чушков, иако неколку пати јавно беше прозван.

Објавил: Стојче Бушин | 19 мај, 2020 17:54

Дали ЈСП е приватна сопственост на партиските послушници на СДС?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако започна вонредната состојба, до Левица неколку пати пристигнаа информации за нерегуларности во работењето на градското претпријатие ЈСП.

Иако досега поднесени се три пријави до Државниот трудов инспекторат за кршење на работничките права и непочитување на мерките за заштита, никаков одговор нема од институциите.
Одговор нема и од директорот Кристијан Чушков, иако неколку пати јавно беше прозван.

Деновиве до нас пристигнаа нови информации за скандалозно и корумпирано работење во ова јавно претрпијатие, кое очигледно станува приватна сопственост на неколку партиски послушници за цедење буџетски пари и лично богатење.

Имено, согласно информациите дел од службениците на Дирекцијата повеќе од еден месец не оделе воопшто на работа, иако си исплатувале дневници, додека останати вработени со нарушено здравје биле принудени да одат на работа, дел од нив и по 12 часа, без никаква заштитна опрема!

Дополнително, во ноќните часови кога стапува во сила полицискиот час, дел од старите автобуси се носат во автобазата Ѓорче Петров, за во даден момент да се исечат на делови и како отпад да завршат во непознат правец, а средствата да завршат во нечиј џеб.

Со години се алармира за корумпираното и неодговорно работење во ова претпријатие, без почитување на основните безбедносни стандарди и редуцирани државни инвестиции во осовременување на јавниот превоз.

Со ваквиот пристап, директно е загрозена безбедноста и сигурноста на граѓаните и дополнително се зголемува сообраќајниот хаос во градот. Како владата предводена од СДСМ планира да го оствари своето ветување од 50% намалување на загаденоста на воздухот, кога директно го дестимулира јавниот превоз во главниот град?

Јавно го повикуваме директорот Чушков да одговори за низата скандали кои го следат градското претпријатие, особено поради фактот дека неколку вработени  веќе имаат покренато и постапка за непочитување на нивните права. Загрозување на безбедноста за време на економска и здравствена криза заради лично профитирање од страна на корумпирани функционери е еднакво на воено профитерство и одговорност мора да има, особено после неминовниот пад на оваа анти-работничка и недемократска власт!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Соговорниците исто така разговараа и за пандемијата на КОВИД-19, мерките кои се преземаат во двете земји за заштитата од корона-вирусот и справувањето со последиците од пандемијата.

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со Албин Курти!

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски...

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека и покрај тоа што не бил постигнат консензус со ВМРО-ДПМНЕ околу датумот за одржување на избори, избори на 21 јуни ќе има.

Заев најави избори на 21 јуни: ЌЕ ИМА ИЗБОРИ НЕМА БЕГАЊЕ!

Не се постигна договор во првиот вистински момент да се излезе на избори, изјави лидерот...

Разногласие околу изборите на лидерската средба кај Пендаровски. На Заев и Ахмети им се брза, Мицкоски го предлага 13-ти септември како датум за избори, Села е за август

Лидерската средба: СДСМ за избори во јуни, ДУИ за 5ти јули, ВМРО-ДПМНЕ за септември

На денешната лидерска средба, според извори на Магазин, Мицкоски го предложил 13-ти...