Младиоот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната!

Објавил: Стојче Бушин | 20 октомври, 2020 5:38

ДАЛИ ЌЕ ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Ова е Христијан внукот на Тоше Проески- има 22 години и крши женски срца, ДАЛИ ЛИЧИ НА НЕГОВИОТ ВУЈКО?

Фото/Текст извор: ©galama.club

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески беше во основно училиште кога го загуби вујко му. Денес, Кристијан има 22 години и студира на Универзитетот ЕСРА. За него се знае дека е музички талентиран, а само еден доказ за тоа е песната „We are blood“ што ја сними како посвета на Тоше, пред две години.

„Верувам дека дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава. Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, изјави Кристијан во времето кога ја промовираше песната, во 2018 година. Оттогаш, тој не ја остави музиката, но е послабо активен со нови песни.

Колку е популарен вујко ми сфатив на Градскиот стадион, на претпоследниот концерт во 2006 година, и на последниот 2007 година. Пред последниот концерт јас имав еден проблем.

Денес, Кристијан има 22 години и студира на Универзитетот ЕСРА.

Пред концертот бевме во Злокуќани, во куќата каде што живееше, игравме Плејстејшн. Јас тогаш јадев многу благо, и испив цела туба чоколаден прелив!

Пола саат пред пробарта, добив труење на желудник, и наместо на проба отидовме директно во болница, па од болница на Градски“, раскажа Кристијан кај Жаре во “Еден на еден“ како Тоше поради него ќе задоцнел на концерт.

Младиоот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната! На моменти дури и ме потсети на Тоше, тоа значи дека си со тој квалитет и дека си на добар пат“, вели еден од нив!

Иако за него велат дека ги освојува женските срца, тој не зборува многу за медиумите, а за приватниот живот малку му се знае.

Изгледа дека само една го има освоено неговото срце. Кристијан неодамна сподели инста стори со извесна Ања, на која и честиташе роденден, а на сликата изгледаат многу блиски.

Според Инстаграм профилот на згодната Ања, таа е од Белград и се занивава со музика, ао актерство и со коњички трки. Ања се дружи со познати личности од светот на балканската естрада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таа и нејзиниот син, принцот Чарлс, заработуваат најмногу од својот имот и парите што ги добиваат од Парламентот.

ГОЛЕМО БОГАТСТВО: Еве од што всушност живее британското кралско семејство и од каде потекнуваат нивните милиони

Британското кралско семејство има повеќе извори на приход, а кралицата е „тешка“...