Забава
Интересно
Поранешната сопруга на Јордан Камчев и ќерката на бизнисменот Трифун Косотовски е во центарот на вниманието. Олга Костова на необичен начин го прослави својот 45. роденден.
Сопственичката на Еуролинг осигурување на својата роденденска прослава стави акцент на хуманоста. Ова не е прв пат првата жена на Еуролинг осигурување да ја покаже својата големина и хумана страна. Таа на своите пријатели им соопштила дека својот ден сака да го направи уште поубав и покорисен.
Нејзините пријатели донирале средства за реконструкција на скалите и платото на Музеј на современа уметност Скопје, и се собрала сумата од околу 600.000 денари. Од музејот јавно и се заблагодарија, порачувајќи дека таа продолжува да докажува како на градот конкретно може да му се помогне да си ја врати самодовербата.

-Големо благодарам Олга Костовска од Музејот на современата уметност – Скопје! Олга Костовска продолжува да докажува дека на Градот може конкретно да му се помогне, да си ја поврати самодовербата. Ние сме среќни што г-ѓа Костовска во Музејот и неговиот тим препозна можност да се обноват нашите места на собирање. МСУ Скопје е објект со квалитети поради кои заслужува да биде негуван како културно наследство, светско културно наследство. Средствата на Олга Костовска и пријателите ќе ни овозможат да ја започнеме неопходната консолидација на ова, од многумина прогласено, ремек дело на доцната модерна архитектура.
Големо Благодарам Олга, од Музејот и од секој од нас поединечно! Големо благодарам и за пријателите! Нашето партнерство (и пријателство) дава (и ќе дава и во иднина) конкретни резултати, порачаа од Музеј на современа уметност Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интересно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.