Македонија
Вести
Судскиот процес за немилиот настан во Собранието на Македонија, минатата година, вчера поминало и со сатира во изведба на режисерот Борис Дамовски.
На излегување на кусата пауза, неколку обвинети се собраа пред влезната врата на новиот Основен суд Скопје 1, зашто судската полиција ја заклучила од безбедносни причини.
Првин, обвинетиот Борис Дамовски ја имитираше специјалната обвинителка Катица Јанева пред УБК при претресот пред две години.
„Отвори! Отвори!“, викаше Дамовски.
Додека се чекаше некој да ја отвори влезната врата од судот, Дамовски повика:
„Орее Крсто дој, вратава не ти се отвора“, на што се смееја неколку адвокати и обвинети. Дамовски финишира со: “Крсто не го чу повикот.”
Пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО – ДПМНЕ од пред една недела целосно се ослободени од притвор, по што гласа за уставни измени, додека дел од учесниците во “За заедничка Македонија” и обвинетите сеуште се во куќен притвор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.