Тој се повлече од сите јавни функции, а исто такантој поднел оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ.

Објавил: Стојче Бушин | 13 октомври, 2020 17:45

ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ СЕ ЗБОГУВА СО ЗАЕВ: Се повлече од политиката и даде оставка на сите јавни функции!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски соопшти дека се повлекува од политиката.

Тој се повлече од сите јавни функции, а исто така тој поднел оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ.

Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, која е неспоив со било каков политички ангажман.
Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, соопшти Манчевски на својот Фејсбук профил.
Манчевски во 2005 дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а пред тоа бил потпретседател на подмладокот на СДСМ во периодот 2001–2003.
Манчевски бил избран за член во советот на град Скопје по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ.
 
Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016. По изборите станал пратеник како кандидат од првата изборна единица, а потоа и министер во владата на Зоран Заев. Манчевски е оженет и татко на две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Досегашниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од редовите на ДУИ ќе биде назначен за директор на ЈП „Државни патишта“.

Јани Макрадули на нова фотеља: Кандидат за нов директор на Македонска пошта

Поранешниот заменик министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули,...

Заев, потенцира дека 25.Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.

СДСМ покажува одговорност во заштита на јавното здравје

Претседателот Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално,...

Како што вели тој, и покрај таа „длабоката држава“ во Македонија, сакаме зближување со Бугарија. Гоце Делчев нè обединува, вели Георгиевски.

Георгиевски – Бугарија не сака промена на нашиот Устав и нов Договор

Од Бугарска страна никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го...

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети.

Дурловски се повлекува од парламентот: Фотељата боде кога прагмата е поважна од моралот

Пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица...