Добрите познавачи на музиката знаат кој е Дамјан Пејчиноски, гитарист кој уште од млади деновија ја воодушевува светската музичка јавност…

Објавил: Македонка Димкин | 25 февруари, 2019 20:15

Дамјан Пејчиноски со емотивна инструментална изведба на „Јано мори“ (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Дамјан Пејчиноски роден е во Охрид во октомври 1984.Тој е македонски гитарист кој живее за музикатаГитарата е негова љубов со која почнува да се дружи на 14. години, а потоа учи и завршува се што може да заврши.

Во 2002 со својот бенд настапува на Рок Фестивалот за млади таленти и ја освојува наградата за најдобар гитарист.Во 2003 се запишува на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров“ отсек џез и ја добива најголемата стипендија.Во 2004. формира нов бенд „Jump Start“.

Во 2008. свирел со браќата Тавитјан во „Универзална“.Во мај 2009. влегува во финалето на Guitar Idol (најголемото гитарско натпреварување во светот). Го продолжува школувањето и продолжува со своите настапи,  но кога ќе ја слушните неговата верзија на Јано мори, ќе бидете воодушевени

Дамјан Пејчиноски from MACEDONIAN MAGAZIN on Vimeo.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.