Денеска

Објавил: Калина Мартинска | 2 јуни, 2024 14:42

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчат“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски победи на главната трка од 21 километар на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ што се одржа денеска на улиците во Охрид.

Полумаратонот Дарио го истрча за еден час 10 минути и една секунда. Зад него на второто место со време од 1:14:00 заврши Михаил Валковски, трет беше Николај Николов, двајцата од Бугарија.

„Почестен сум наградата за победата ја добив од претседателката на државата. Целокупно настанот е одличен, како и енергијата на луѓето присутни така. Дефинитивно ќе се видиме и догодина на „Охрид трчаТ““, изјави Дарио за Охридњуз.

Во женска конкуренција победничка беше Милјана Ристиќ со време од 1:30:01. Второто место и припадна на Јована Шубатлија од Србија (1:30:40), а последна на подиумот се пласираше Фросина Михајловска (1:31:35).

Мирослав Спасов од Бугарија победи на пет километри со време од 18:11 минути, македонските тркачи Александар Арсов (19:16) и Ријат Шеипи (19:32) завршија на второто и третото место.

Вкупно годинава на „Охрид Трчат“ учествуваа 2.200 натпреварувачи од 31 земја.

Прочитај и ова:

Сиљановска Давкова на средба со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.