
Забава
Ресторан
Пејачот Дарко Лазиќ (28), кој има син Алексеј со својата свршеница, Марија Гагиќ, планира голема свадба.
Церемонијата ќе се одржи во црквата во јуни, најверојатно во истиот ден кога е роден неговиот син Алексеј.
„ Кај мене нема многу време за подготовки, можам се да испланирам во текот на денот. Она што го знам за сега е дека ќе бидеме домаќини на повеќе од 800 поканети гости, дека ќе ангажираме три или четири бендови и дека прославата ќе трае два дена. Така да, ќе ги почитувам сите традиционални обичаи “, откри Дарко Лазиќ.

Дарко Лазиќ неодамна се потруди да организира забава на својата свршеница Марина, по повод нејзиниот 21 роденден, но истата вечер успеал да направи се да и преседне.
Како што пренесува изворот кој бил на забавата, Дарко и направил таква љубоморна сцена, да незнаела каде се наоѓа. Дури и се расплакала.
На почетокот на вечерта се беше во ред. Дарко баш се потруди во се да и угоди. И пеел, ги викнал најблиските и нејзините и своите, кумовите и роднините. Ма имаше се да се јаде и пие и песна и музика. Ма милина. Меѓутоа во некое време, не знам што го фати Дарко, ама буквално во момент му падна мрак на очи.
Веројатно видел дека Марина се допишува со некого, па помислил дека има некој додворувач. Леле, како само викаше. Се ечеше. И рече: Дај го ваму телефонот, да видам јас кој тоа ти пишува. Немој да видам дека ме изневеруваш, нема да биде добро. Каков начин е тоа да висиш на телефон и тоа додека имаме гости. Дај ми го телефонот да видам кој се ти честита. Сакаш да ми набиеш рогови како Ана – ги прераскажува зборовите на Дарко, изворот кој бил на забавата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.