
Свет
Србија
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ ги распиша локалните избори за 3 април оваа година.
Во Собранието на Србија, Дачиќ го потпиша Решението за распишување избори за советници на градските собранија и општинските собранија во Србија, јави Бета.
Избори за градски собранија ќе се одржат во Белград и Бор, а за општински собранија во Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Медвеѓа, Књажевац, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.
Александар Вучиќ вчера го распушти српскиот Парламент и распиша предвремени парламентарни избори за 3 април.
Тој најави дека изборите за претседател на Србија ќе ги распише на почетокот на март, 90 дена пред истекот на мандатот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.