Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави за РТС дека постои мала конфузија кај западот околу тоа кој е нивниот став за војската во Косово.
Дачиќ истакна дека ставот на Србија е дека единствени вооружени сили кои можат да бидат присутни на Косово се силите на КФОР на Обединетите Нации и дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, на 8 октомври со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе разговара за проблемите околу основањето на војската бидејќи е спротивно на Резолуцијата 1244.
За нас повеќе ништо не може да биде изненадување кога станува збор за ставот на одредени западни кругови. Но вистината е една, а тоа е дека со никаков документ не се предвидени вооружани сили на Косово. – рече Дачиќ и додаде дека основањето на косовската војска би било безбедносна закана за целиот регион.
Како што објасни шефот на српската дипломатија, позицијата на Србија во дијалогот со Приштина е значително подобрена за разлика од пред пет или шест години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.