Ивица Дачиќ, српскиот министер за надворешни работи истакна дека Косово не е признаено од дури 5 и пол милијарди луѓе.
Дачиќ потенцираше дека Косово не е признаено како независна држава и прецизира дека од 194 членки на ОН, 94 држави не го признваат Косово, исто толку го признаваат, додека ставот на пет држави е спорен и под знак прашалник.
– Ние продолжуваме со политиката на повлекување на признавањата на Косово. Сакам да ја истакнам реалната ситуација, а тоа е дека во 94 држави што не го признаваат Косово живеат 5,4 милијарди луѓе, додека во земјите што го признаваат има само 2,05 милијарди – изјави Дачиќ.
Министерот за надворешни работи на Србија истакна дека пет држави членки на НАТО се спорни поради тоа што се наоѓаат во процес на преиспитување на својот став, затоа што за некои од нив Приштина тврди дека ги признаваат, но не гласаат за нив.
– Косово ги нема тие пет гласови. Тие немаат мнозинство и бројот на земји што ги признаваат секој ден биде се помал – истакна Дачиќ, додавајќи дека бројот на членки нема да се зголемува, додека бројот на признавања ќе биде се помал.
Дачиќ објасни дека стратегијата на лобирање за повлекување на признавањата на независноста на Косово е да се натера Приштина да сфати дека мора да прави компромис.
Ивица Дачиќ најави дека во наредниот период ќе има уште држави што ќе го повлечат признавањето на независноста на Косово.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.