Косово полека но сигурно ја губи довербата на земјите кои избрзаа со нејзиното признавање, меѓу кои и Македонија, што беше причина да се огласи и шефот на српската дипломатија.
Откако беше објавено дека уште една држава го повлекла признавањето на Косово, шефот на српската дипломатија изјави дека „целото раководство на Приштина е на потерници на Интерпол“.
Говорејќи за можноста Косово да стане член на таа меѓународна организација, Ивица Дачиќ рече дека не сака да биде оптимист во врска со тоа.
Ако сакате да бидам циничен, Косово е веќе на Интерпол, на потерници. – рече Дачиќ.
Тој повтори дека Приштина не сака во таа меѓународна организација со цел да се бори против криминалот, туку да покаже дека Косово е независно.
Тој додаде дека Западот можеби на Косово му ветил за Интерпол, но дека треба да се почека гласањето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.