Захарова на трубачи со Дачиќ пред средбата Вучиќ - Путин во Москва

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 14:40

Дачиќ ја носи Захарова на трубачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На покана на српскиот шеф на дипломатијата Иваица Дачиќ утре во Србија ќе престојува Директорката на департманот за информирање на Руската федерација Марија Захарова соопштија од Министерството за надворешни работи на Србија.

Таа по средбата со Дачиќ во Белград ќе го посети Саборот на трубачи во Гуча каде ќе и биде врачена титулата на почесен гостин на Саборот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 15-ти септември ќе патува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин на која центарална тема ќе биде решавањето на Косовскиот проблем.

Вучиќ ќе патува во Москва по средбата во Брисел во рамките на дијалогот на високо ниво со косовскиот претседател Хашим Тачи кој треба да се одржи во првата недела на септември.

На последната средба на српскиот и рускиот претседател во Москва на 8 мај 2018 година Путин најави дека Русија на активен начин ќе ги следи разговорите меѓу Белград и Приштина особено влијанието на меѓународниот фактор за ова прашање и ќе реагира правовремено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.