На обработени 97,08 отсто од гласачите, излезеноста на локалните избори до 17 часот е 41,08 отсто, што значи дека гласале 730 603 граѓани, покажуваат последните информации од ДИК.


Во однос на последните локални избори, кои се одржаа на 15 октомври 2017 година, одзивот е помал за околу 8 отсто. Пред четири години во првиот круг до 17 часот на гласање излегле 49,14 отсто од запишаните гласачи.

Денешната излезеност е помала и, ако се направи споредба со пресекот до 17 часот од вториот круг на локалните избори во 2017 година, таа изнесувала 43,89 отсто.

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2021 19:22

Даштевски: Гласањето може да продолжи до 19:30 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на својата редовна прес конференција во 19:00 часот рече дека Комисијата смета оти најдобро решение е гласањето да се пролонгира до 19:30 часот, период за кој оценува дека е доволно гласачите што во моментот на затворање на гласачките места се нашле во кругот на изборното место да влезат внатре и да го дадат својот глас.

„Во согласност со изборниот законик, гласањето завршува во 19 часот, и после 19 часот вратите се затвораат. Во врска со гласањето каде се затекнале гласачи во објектот, ДИК смета е добро да им се овозможи да гласаат, па така бараме до 19:30 часот да се воздржат и медиумите и партиите, така што ДИК смета дека е најдобро решение“, рече претседателот Александар Даштевски.

На обработени 97,08 отсто од гласачите, излезеноста на локалните избори до 17 часот е 41,08 отсто, што значи дека гласале 730 603 граѓани, покажуваат последните информации од ДИК.

Во однос на последните локални избори, кои се одржаа на 15 октомври 2017 година, одзивот е помал за околу 8 отсто. Пред четири години во првиот круг до 17 часот на гласање излегле 49,14 отсто од запишаните гласачи.

Денешната излезеност е помала и, ако се направи споредба со пресекот до 17 часот од вториот круг на локалните избори во 2017 година, таа изнесувала 43,89 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

МНР формира кризен штаб за трагедијата: Објавен е телефонски број на кој може да се јават роднини

Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во...

„Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти.

Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата...

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино...