Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

Објавил: Весна Петровска | 24 јануари, 2020 13:03

„Дај ми пари и ќе ја вработам девојка ти“ – Гостиварец падна во рацете на измамнци!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Преку социјалните мрежи лесно можете да дојдете до измамници, таков пример се случил во Гостивар.

Полицијата поднесе кривична пријава врз жена која барала пари за да вработи лице во државна инсистуција, ги земала парите а од ветеното ништо.

Гостиварц пријавил во полиција дека бил измамен од женско лице на кое ѝ дал пари за да помогне при вработување во државна институција.

Според СВР Тетово, Ј.М. (23) од Гостивар синоќа пријавил дека пред извесно време бил измамен од женско лице од Скопје. Гостиварецот преку социјалната мрежа Фејсбук, претходно се запознал контактирал, а таа му ветила дека ќе му помогне за вработување на неговата девојка. За таа услуга му побарала да плати илјада евра.

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести