Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ebola и SARS.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 јануари, 2021 6:37

ДА ГО ПОБЕДИМЕ COVID-19 Дарувај плазма, спаси живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција COVID-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.

Таа се користи за лекување на заболените од COVID-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ebola и SARS.

Со оглед на тоа дека не постои специфична терапија, ни вакцина, неодамнешните истражувања укажуваат дека конвалесцентна плазмa може да биде корисна во лекувањето на инфекцијата предизвикана од новиот коронавирус (SARS-CoV-2).

И Вие можете да спасите нечиј живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот COVID-19.

КОЈ МОЖЕ ДА ДАРУВА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА?

Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од инфекција COVID-19, ако ги исполнува стандардните услови за дарување на крв и дополнителните критериуми:

  1. Да имaат документиран лабораториски доказ дека биле болни од COVID-19
  • Дијагностички тест – позитивен RT-PCR тест или позитивен тест за анти – SARS-CoV-2 антитела, без разлика дали имале симптоми или биле асимптоматски
  • Позитивен серолошки тест за анти – SARS-CoV-2 антитела по оздравување (IgG), доколку не било спроведено дијагностичко тестирање
  1. Минимум 28 дена пред дарување по комплетно повлекување на сите симптоми или по завршувањето на изолацијата, или
  2. По комплетно повлекување на сите симптоми минимум 21 ден пред дарување е потребно:
    • Негативен RT-PCR
    • По позитивен серолошки тест за IgG анти – SARS-CoV-2 антитела
  3. Машки дарители или женски дарители кои не раѓале или се негативни на HLA антитела
  4. Потпишана информативна согласност за дарување

ПОСТАПКА ЗА ДАРУВАЊЕ НА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Постапка за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 55 килограми кој ги исполнува горе наведените критериуми.

ПРЕДОНАЦИСКИ ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА

  1. Крвна слика
  2. Биохемиски анализи (гликемија, липиден статус, протеински статус-вкупни протеини да се повеќе од 60 гр/л, деградациони продукти,ензимски статус, CRP).
  3. Инфекции преносливи преку крв (хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ и силфилис)
  4. Крвна група со скрининг на антитела
  5. Концентрација и/или титар на неутарлизирачки антитела анти-SARS-CoV-2
  6. За дарители од женски пол, кои биле бремени ќе се прави и анти-HLA антитела.
  7. Потврден негативен RT-PCR тест

За подетални информации контактирајте не на следниот телефонски број  078/488459 од 08:30-19:30 часот или на email: konvalescentnaplazma@gmail.com

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Со оваа донација, Банката во изминатите 10 месеци има донирано повеќе од 220.000 евра во справување со коронавирусот преку опрема и материјали во поддршка за здравствените работници.

ФИЛИПЧЕ: СТОПАНСКА БАНКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА КОВИД КРИЗАТА ДОНИРА ОПРЕМА И СРЕДСТВА КАДЕ ШТО Е НАЈМНОГУ ПОТРЕБНО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, генералниот извршен директор на Стопанска...

Тој потенцираше дека во моментов сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.

ФИЛИПЧЕ: ЛЕСНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, 70 ОТСТО ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ СЕ СО БРИТАНСКИ СОЈ, ВИКЕНДОВ СЛЕДУВА АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА ВО ОДРЕДЕНИ ГРАДОВИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна...

Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 15 ДО 21 ФЕВРУАРИ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 3,9% НОВИ СЛУЧАИ, ОЗДРАВЕНИ 1.760 ЛИЦА, ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНОСТ ВО ПРОСЕК 14,7%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 15 до 21 февруари...