Имено како што може да се забележи од фотографијата Љупчо Николовски од членството, и од своите функционери бара дисциплина. Тој посочува да избегнуваат одење во кафеани, на одмор, на патувања, во кафетерии бидејќи јавноста сега будно ги следи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 16:38

Да не одите во кафеани и да се сликате- СДСМ со услов до своите функционери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На социјалните мрежи се појави фотографија од писмо испратено од страна на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски до членството на партијата и високите функционери.

Имено како што може да се забележи од фотографијата Љупчо Николовски од членството, и од своите функционери бара дисциплина. Тој посочува да избегнуваат одење во кафеани, на одмор, на патувања, во кафетерии бидејќи јавноста сега будно ги следи.

На социјалните мрежи се појави фотографија од писмо испратено од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски до членството.

Николовски вели членството да не се слика и да објавува фотографии на социјалните мрежи.

Во периодот кој следи од 12 јануари до 12 април, сите функционери на СДСМ, на сите нивоа неопхдно е да се посветат на извесната изборна победа и активностите согласно насоките на Општинските изборни штабови и Централниот изборен штаб.

Многу важно, очекувам и барам крајна одговорност и дисциплина во однесувањето кон граѓаните, во приватниот живот и објавите на социјалните мрежи.

Од тоа зависи каква порака испраќаме на граѓаните. Затоа, приватни патувања, одмори, седење во кафеани, кафетерии и ресторани не треба да има.

Многу важно, фотографии од кафеани, одмор, ресторани, кафетерии воопшто да нема.

Одиме на победа на 12 април, организирани, мобилизирани но пред се одговорни пред граѓаните, нивните потреби секако посветени на нашите пораки од кампањата.

Тоа треба да биде видливо и од нашето однесување како и во сите наши комуникации секаде.

Затоа, објавите на социјалните мрежи мора да бидат фокусирани единствено на политиките на СДСМ, на интересот на граѓаните и државата и во функција на државата, стои во писмото од Николовски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерот одговори на прашањето кое можеби и најмногу ги интересира грашаните, и рече дека за сега илипче не е планирано да се воведе полициски час на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Тој посочи дека и натаму ќе продолжат да се казнуваат оние кои нема д аносат маска бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

Филипче во Топ Тема: Јануари ќе биде најризичен период за корона вирусот!

Најризичен период кој следува со корона вирусот е месец јануари, смета министерот...

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдија дека доцна попладнево им стигнала пресудата од Врховен суд и бидејќи претходно веќе имало издаден упатен акт за затворската казна која не беше реализирана поради нејзиното барање за утврдување на законитоста на првостепената пресуда, одлуката на Врховен за затворската казна е ефективна.

НАЈНОВА ВЕСТ: Јанкулоска спроведена во затворот „Идризово“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доцна попладнево е...