Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировна мисија „Алтеа“ во Босна.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 8:19

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ : “Единаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска се одбележуваат единаесет години од хеликоптерската несреќа, кај село Блаце, Катлановско, во која загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

Во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, прва механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Припадниците на воздухопловната бригада и делегации од МО и АРМ ќе го одбележат овој ден и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Делегацијата на МО ќе биде предводена од министерката Радмила Шекеринска, додека делегацијата на ГШ од заменикот на НГШ на АРМ, генерал мајор Мухамет Рацај. Делегација на МО и АРМ предводена од заменик-министерот Беким Максути ќе положи цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите припадници на АРМ во касарната „Бутмир“ во командата на мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировна мисија „Алтеа“ во Босна. Во несреќата загинаа Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и Златко Вељановски.
Хеликоптерот МИ-17 со кој тргнаа на последниот лет требаше да слета на воениот дел од аеродромот во Скопје. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Неприлагодена брзина и престигнување е најверојатната причина за сообраќајната несреќа на автопатот Тетово-Скопје кај селото Ласкарце, јавува 1ТВ.

Ласкарце црна точка за возачите: Нова несреќа на автопатот Тетово -Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила кај Ласкарци , нема информации дали има повредени...

Пожарникарите успеа да го локализираат пожарот во станбената зграда, при гаснењето повредени се тројца пожарникари од кои двајца вдишале чад, а еден има повреда на раката. Интервенцијата траеше два и пол часа и во неа учествуваа 11 противпожарни возила.

Човечки животи висеа на конец во Кисела вода – голем пожар во зградата, повредени тројца пожарникари

Расте брјот на повредени во пожарот кој беснееше во скопската населба Кисела Вода. Гореше...

„Движењето БЕСА остро го осудува нападот врз нашиот советник, кој се бори и ги брани правата на охридските Албанци.

ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ВО ОХРИД: Советникот од ДУИ Нефи Усеини нападна колега од БЕСА!

За време на седницата на општинскиот совет на Охрид, Советник од ДУИ нападна колега...

Како што објави ТЕРА, кај ридот над Битола попладнево голем чад. Од противпожарната единица велат дека кај нив било пријавено дека бил запален отпад веднаш после тунелот на обиколницата над градот.

Пожар во Македонија

Попладнево беснееше пожар кај тунелот на патот над Битола. Како што објави ТЕРА, кај...