Обвинителството ги штити Заеви. На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ беа прикажани снимки од ПИ мерките на МВР за следење на двајца обвинети во овој случај Зоран Милевски-Кичеец и Катица Јанева.

Објавил: Мартин Попоски | 17 февруари, 2020 21:37

Да се објават тонските делови од снимките од средбите на Кичеец со Вице и на Заев со Јанева

Фото/Текст извор: ©mkd

Обвинителството ги штити Заеви. На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ беа прикажани снимки од ПИ мерките на МВР за следење на двајца обвинети во овој случај Зоран Милевски-Кичеец и Катица Јанева. Но, освен видео снимки од некои средби, во судницата не беа пуштени и тонските снимки. Бараме во судница во најкраток можен рок да бидат презентирани и тонските записи од тие снимки, изјави вечерва Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Тој рече дека не е случајно тоа што обвинителката Русковска денеска заборавила на тонските записи од средбите на Кичеец со Вице Заев, братот на тогашниот премиер Зоран Заев.

На информациите од судницата дека од следењето на Јанева се гледа како таа се упатува кон резиденцијата на претседателот, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска информираа дека тој во резиденцијата е од октомври лани, а снимката била направена во август. Резиденцијата на претседателот е во близина на резиденцијата на премиерот.

„Очигледно е дека од информацијата дека Јанева се упатила кон резиденцијата на претседателот, произлегува дека Јанева всушност се сретнала со Зоран Заев. Бараме разговорите од овие две средби да бидат објавени. Обвинителката Русковска треба да одговори на прашањето каква била природата на нивната средба, на која присуствувал и адвокатот на Заеви, Ване Андреев. Содржината на разговорите треба да биде објавена. Ако е точно тоа дека Заев сам го пријавил случајот „Рекет“, тогаш што барала Јанева на средба со Заев и Кичеец на средба со Вице. Доказот 148 мора да содржи и тонски запис. Ги повикуваме надлежните да ги објават и тонските записи од овие средби. И обвинителството треба да ги повика овие лица да дадат исказ за овие средби.

Она што го зборуваме одамна, полека се отвора – ова е само врвот од ледениот брег, јасно е дека целата оваа оперција за рекетирање е координирана акција од врвот на власта, дека биле рекетирани повеќе бизнисмени и дека биле собрани многу повеќе пари од она што се знае“, рече Николовски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...