Така што ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 20:36

Да се прекине со праксата да се крши Уставот, датумот за локалните избори го дефинира Уставот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изјава пред вечерашната  трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на датумот за одржување на локалните избори истакна дека треба да се прекине со праксата да се крши уставот бидејќи датумот за локалните избори го дефинира Уставот.

„Околу датумот на избори тоа не е тема за која што ние ќе зборуваме на зелен пазар, тоа е тема која што ја дефинира Уставот и навистина треба да прекинеме со праксата да го кршиме уставот, како дефинира Уставот така ние треба да се однесуваме и тоа што го дефинира уставот тоа треба и да го примениме.

Ако Уставот вели дека мандатот на градоначалниците и советите е четири години тогаш после четири години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници. Така што ова не треба да биде тема за дневна политика јасен е Уставот како што е Уставот го повикувам претседателот на Собранието Талат Џафери да практично ги распише изборите, онака како што се според уставот дефинирани“- нагласи Мицкоски.

Денеска продолжуваме практично со она кое што започнавме во скопската општина Гази Баба, каде што ја имавме првата промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“.

Денеска продолжуваме овдека во општина Карпош, после темата енергетика, после визијата на ВМРО-ДПМНЕ содржана во концептот „Македонија за сите луѓе во енергетиката, заштитата на животната средина“, денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата.

Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала.

Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот.

А, исто така денеска ќе зборуваме и за „Blockchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа.

Така што ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми.

Тука се разбира ќе зборува и професорката Гордана Силјановска Давкова за владеењето на правото, ќе зборува Гордана Димитриеска Кочоска, и професор Лазаров за актуелната состојба во економија. Така што ценам дека тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Цвеќиња ќе положат и делегации на Собранието и Претседателот на државата, како и претставници на политичките партии.

Чествувањето на Илинден 2021 во Меморијален центар АСНОМ во Пелинце (Во живо)

Оваа година на 2 Август – Денот на Републиката во Пелинце говор ќе одржи премиерот...

На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот ги кани сите политички лидери за Илинден на Мечкин камен

Стево Пендаровски од годинава најави нов концепт на прослава за 2 август. На прославата...

Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните...