Ќе ги приготвуваат млади готвачи професионалци според рецепти од поширокиот регион.

Објавил: Сара Фемина | 21 септември, 2019 9:50

ДА ЈА ВКУСИМЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРАНА: Вечерва во Скопе ќе се дегустира ајвар, пита, штрудла од ЗАПАДЕН БАЛКАН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ајвар, гулаш, штрудла, пита, ќе бидат само дел од традиционалните производи што ќе може да се дегустираат вечер во Јавна соба.

Ќе ги приготвуваат млади готвачи професионалци според рецепти од поширокиот регион.
Настанот е дел од проектот „Гастрономска мапа на Западен Балкан“, кој има за цел да ги мапира регионите каде што има традиционална подготовка на балкански јадења.

Ќе ги приготвуваат млади готвачи професионалци според рецепти од поширокиот регион.

Се спроведува во соработка со АРНО од Скопје, „Генератор“ од Врање, КЦИЦ од Гњилање и „Бона Фиде“ од Пљевља, со поддршка на Фондот на Западен Балкан.

– Проектот презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како млади готвачи, идни балкански фјужн-готвачи, женски професионалци и високоедуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожаватели на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата – жени активни во малцински здруженија на жени, велат од АРНО.

Покрај работилниците за готвење и јавна дегустација, проектот ќе резултира со објавување книга-готвач, осум видеа за готвење и пет разгледници со мапи на пет специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла, пита…

– Преку овој проект сакаме да ги зајакнеме регионалната соработка и редовната комуникација, како начин за позитивни и конструктивни решенија за различните регионални конфликти. На дегустацијата ќе прикажеме некои од резултатите од овој проект: четири разгледници со четири мапи од четири јадења од Западен Балкан и видео за приготвување храна, со што и ќе го одбележиме Меѓународниот ден на мирот, дополнуваат од АРНО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош.

Хари од Хонгконг: Ве молам за помош ја барам девојката што ја запознав во Охрид!!!!!

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners...

Прeку Свoитe ангeли Бoг гo oбјавил раѓањeтo на Исак oд бeздeтната Сара, и на Самсoн oд бeздeтниoт Манoј и нeгoвата жeна, и на Јoван Прeтeча oд бeздeтнитe Захарија и Eлисавeта.

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Денеска е зачнување на Свети Јован Крстител!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември. Денеска е Зачнување...

Петти октомври стана симболичен датум благодарение на него и сѐ она што препознававме во неговиот лик: човечност, хуманост, добрина, исклучителен талент, космополитски дух.

СЕЌАВАЊЕ И НЕПРЕБОЛ: Пред 12 години, Тоше Проески го одржа последниот концерт на Градски стадион!

Денеска навршуваат 12 години од последниот концерт на Тоше, одржан на Градскиот стадион...

В недела ќе има света литургија и осветување на црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ во Бутел, соопшти Скопската православна епархија.

Одбележување на 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ-ОА!

По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската...