Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата. Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет.

Објавил: Весна Петровска | 19 ноември, 2019 18:29

Катица маскирана излегува од полициското комбе: Јанева влегува во куќен притвор

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на екс специјалната обвинителка.

Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата. Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остра реакција за куќниот притвор во Катица Јанева.

Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелациониот суд да ја прати во куќен притвор Катица Јанева.

-Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна. Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот Рекет. Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони, стои во нивното соопштение од јавноста.

Од партијата додаваат дека повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев. Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...