Се борат за Украина или за Америка

Објавил: Македонка Димкин | 25 октомври, 2023 9:22

Двајца Албанци загинаа во борбите во источна Украина

Фото/Текст извор: ©Денешен

Веста за смртта на двајца Албанци ја соопшти албанскиот парламентарец Пандели Мајко, кој на социјалните мрежи напиша дека информацијата ја добил од албанскиот конзул во Украина.

„Од денеска Украина има уште два сина, од редовите на албанската дијаспора, кои паднаа во војната. Тие беа војници на украинската армија кои се бореа и ги дадоа своите животи за време на својата должност како херои“, напиша Мајко.

Еден од загинатите е Дерментли Анатолиј од албанското село Каракурт (во областа Одеса). Роден е на 3 септември 1980 година. Тој беше мобилизиран во 118-та механизирана бригада во регионот Запорожје. На 15 октомври го загуби животот во борбена мисија.

Вториот кој загинал е Хајдаржи Данило, роден е во албанско семејство на 26 јануари 2002 година во селото Георгивка (Запорожје). Тој беше второ дете во неговото семејство, кое моментално сè уште живее во областа окупирана од руските војници. Кога започна војната, тој беше во Полска. Во летото 2022 година, тој доброволно се пријави на мобилизација, но беше одбиен (поради неговата возраст).

Во 2023 година, по неговиот 21 роденден, тој повторно се пријавил и доброволно служел во вооружените сили на Украина. Служел во воената единица А290, а загинал во борбената зона во селото Лиман, во близина на градот Купијанск, во областа Харков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Шредер е критикуван во Германија бидејќи и по почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина, тој продолжи да одржува контакти со Русија.

Крим е дел од историјата на Русија, Украина нема што да бара во НАТО, тврди Шрoдер!

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју за „Велт“ зборуваше за...