Сандро Бахман имаше резервирано лет Цирих / Лондон. Кога сакал да помине низ портата за безбедност на аеродромот во Цирих, тој со неговата бординк карта з не добил пристап , како што пишува “Schweiz am Wochenende”. Но бидејќи името на бординг картата се совпадна со тоа на личната карта, нему му беше влезот дозволен.
На портата, сепак, дојде до следниот проблем: Компјутерот им покажа вработените на Swiss, дека Сандро Бахман е веќе во авионот. По неколку телефонски повици, на Бахман му беше конечно дозволено да се качи во авионот, пишува весникот.
“Апсолутно индивидуален случај”
На пат кон авионот, се сретнал со еден насмеан човек кој му посакал среќен пат. Тоа евсушност бил вториот Сандро Бахман, која седел во погрешен авион. Двајцата имењаци успеале да го загрозат всушност софистицираниот и најсигурен систем од Швајцарската компанија Swiss.
Грешката што предизвика хаос се случи при пријавувањето, како што изјави претставник на компанијата Swiss за “Schweiz am Wochenende”. Всушност Сандро Бахман, кој седеше во погрешниот авион, по грешка добил погрешна за Бординг карта за претходниот лет за Лондон. Според Swiss, ова е “апсолутno индивидуален случај”.
За двajцата Сандровци, хаосот сепка помина добро: и двајцата можеа да го продолжат своето патување за Лондон и пристигнаа среќно и на време.
Аеродромот во Цирих е центар на Швајцарија, тоа е аеродромот со најповеќе летови.
Мрежата на маршрутите на Швајцарија (од јуни 2018 година) опфаќа 105 дестинации (80 европски и 25 интерконтинентални) во 49 земји. На долги релации, дестинациите во Бостон, Чикаго, Мајами, Лос Анџелес и Сан Франциско, како и во Монтреал летаат секојдневно за Северна Америка, За Њујорк се лета три пати на ден од Цирих и секојдневно од Женева. Во Јужна Америка, за Сао Паоло се лета директно само од Швајцарија. За Азија, се лета секој ден, преку Сингапур за Сингапур, Бангкок, Хонг Конг, Шангај, Пекинг, Токио, Дубаи, Мускат, Делхи и Мумбаи. Swiss летаат за Африка секојдневно за Дар-ес-Салам со застанување во Најроби, трипати неделно во Каиро и секојдневно за Јоханесбург.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.