Трите напади се случиле околу полноќ во ноќни клубови во центарот на Осло. Се пукало во Лондон паб, популарно место за ЛГБТК+ заедницата, потоа во близина на џез-клубот Хер Нилсен и уште еден паб.

Објавил: Сара Фемина | 25 јуни, 2022 15:05

Двајца мртви, 21 повреден во терористички напад во Осло, откажана Парадата на гордоста

Фото/Текст извор: ©telma

Четириесетидвегодишен маж е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство и терористички акт по пукање во центарот на главниот град на Норвешка, Осло, при што беа убиени две лица, а повеќе од 20 се повредени, од нив околу 10 потешко.

Трите напади се случиле околу полноќ во ноќни клубови во центарот на Осло. Се пукало во Лондон паб, популарно место за ЛГБТК+ заедницата, потоа во близина на џез-клубот Хер Нилсен и уште еден паб. По препорака на полицијата годишната парада на гордоста во Осло, која требаше да се одржи денеска, е откажана.

Наскоро повторно ќе бидеме горди и видливи, но денес ќе ги споделиме нашите прослави на гордоста од дома“, се вели во соопштението на веб-страницата на Осло Прајд. Од полицијата велат дека постои причина да се сомневаат дека ова можеби е злосторство од омраза“.

Осомничениот за нападот е норвешни државјанин кој имал иранско потекло. На местото на инцидентот полицијата пронашла две оружја, од кои едното е автоматски пиштол. Полицијата соопшти дека после нападот привремено ќе бидат вооружини сите тимови за итни интервенции.

  • Што се однесува до осомничениот, тој е норвешки државјанин, по потекло од Иран. Тој и е познат на полицијата, но не по големи работи. Некои прекршоци во помали размери, така да се каже, во споредба со она со кое се соочуваме денес – Кристијан Хатло, полициски адвокат .
  • Извршивме претреси на различни адреси каде запленивме разни предмети за кои се надеваме дека можат да фрлат повеќе светлина на случајот- Торе Барстад, портпарол на полицијата.

„Страшен и длабоко шокантен напад врз невини луѓе“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Тој ја изрази својата солидарност со ЛГБТК заедницата, порачувајќи „Ние сме со вас“. Поранешната премиерка Ерна Солберг го опиша чинот како „напад врз љубовта“ и врз слободата да сакаш кого сакаш.

Сведоците раскажуваат дека го виделе напаѓачот како од торба бади пиштол и отвора оган. Дел од повредените се здобиле со исеченици по рацете и нозете од скршено стакло. На почетокот, кога настанал метежот, во овој најфреквентен дел од од градот, сведоците мислеле дека се случува тепачка но, потоа сфатиле колку е сериозна ситуацијата.

  • Беше навистина многу чудно бидејќи сите почнавме да ги проверуваме нашите мобилни телефони. Целата атмосфера на забавата престана. Одеднаш не можевме слободно да се движиме. Мислам дека сите го поставија прашањето: Што се случува сега? Мојот телефон и сите други почнаа да ѕвонат, сите добиваа пораки. Што се случува? Луѓето почнуваат да ги проверуваат вестите. Што се случи? Тогаш сфатив дека сега очигледно се случува нешто што е многу посериозно отколку што некој очекуваше- Николај Берге, сведок.
  • Кога влегов во барот Цезар имаше многу луѓе кои почнаа да бегаат и имаше многу врескање. Тогаш помислив дека има тепачка таму, па се повлеков. Но потоа слушнав дека се работи за пукање и дека имаше некој што пукаше со автомат- Маркус Нибакен, сведок.

Норвешка е релативно безбедна земја, но доживеа насилни напади од десничарски екстремисти. Во едно од најлошите масовни престрелки во Европа во 2011 година, вооружен маж уби 69 луѓе на островот Утоја, откако активираше бомба во Осло, во која загинаа осум лица. Во 2019 година, уште еден десничарски екстремист ја уби својата сестра, а потоа отвори оган во џамија, но беше совладан пред некој биде повреден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според воените извештаи, утрово низ градот се слушале предупредувачки сирени. Жителите пријавиле експлозии, јави ДПА.

Тревога за ракетeн напад во Ерусалим, жителите известуваат за експлозии

Првпат од почетокот на израелската воена операција во Појасот Газа, денеска се огласи...

Приходите на компанијата што остварува добивка главно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани.

Пад на приходите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите...

Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата кои можат да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е придружена со треска, болки во грлото и болки во лимфните јазли и осип кој наликува на осип што се јавува кај сипаници. Болеста обично поминува сама по себе, но може да биде многу болна.

Одобрена данска вакцина против мајмунски сипаници

Данската биотехнолошка компанија Баварски нордик (БН) објави дека Европската комисија...