Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 13:15

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два дена. Имено за она што имавме индиции пред два дена за жал се потврдува, практично немаме друга европска држава во која што премиер се гледа со главни осомничени во најголем корупциски скандал во државата, ова денеска на прес-конференција го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата. Од сега па натаму „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст како што сакаше власта да го објасни. Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност и беше познато за случајот „Рекет“ и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил? Два дена има свесно одбегнување на одговори и креирање на лажни вести, проѕирни спинови само за да се одбегне одговорот на прашањето што барала Катица Јанева на средба со Зоран Заев? И што барал Зоран Милески Кичеец веќе осуден на средба со Вице Заев?, прашува Николоски.

Тој додава дека имаме јасна потврда од МВР дека осомничените лица во случајот „Рекет“ биле под целосен надзор и тоа видео, фото и аудио. Па јасно се поставува прашањето зошто во судот не се презентираат тонските записи од разговорите кои што овие лица ги правеле?

-Прашуваме јавно зошто тоа не се прави? Откако МВР вчера посочи дека целокупниот материјал е доставен во ЈО и дека во истиот пред да биде доставен имал увид тогашниот министер за МВР, Оливер Спасовски, поставуваме неколку прашања: Прво сметаме дека е чесно да излезе Зоран Заев лично и без разлика на тоа дали или нема да се презентира аудио материјалот во судница да каже што зборувал со Катица Јанева во текот на месец август. Второ, чесно е неговиот брат Вице Заев да излезе и да каже прво што барал и во кое својство на средба со осомничен тогаш во случајот „Рекет“ и второ што зборувале за истото? И трето, го повикуваме министерот тогашен на МВР, Оливер Спасовски да каже што има во аудио материјалите? Што е тоа толку страшно што се крие во овие материјали и не се објавува во јавноста и во судницата? Она што можеме да го ветиме е дека по промената на 12-ти април детално ќе се истражи „Рекет“, и јавноста ќе добие одговор низ докази и факти кој е на врвот на „Рекет“. На врвот на „Рекет“ не се овие тројца кои што сега ги гледаме во судскиот процес, тие се само извршителите. Очигледно е дека наредбодавците и нарачателите, мозокот на целата акција е врвот на СДСМ и семејството Заеви. И после 12-ти април низ една транспарентна истрага, ослободеното обвинителство со поддршка на сите други институции пред се истражните органи ќе кажат што се крие зад целата оваа работа, а во јавноста целосно ќе бидат презентирани материјалите од средбите на овие лица со браќата Заеви, и финално од посетата на овие лица на Владата на Република Македонија, вели Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...